ВМРО-НП: „Коaлицијата“ на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ контра демократизација на земјата

1814
FOTO Prinstskrin

ВМРО-Народна партија реагира во однос на, како што се наведува, непринципиелноста на коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ особено кога и двете партии настапуваат контра демократизацијата на Македонија.

„Не нѐ  изненадува постапката на старо-новите партнери. Илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во Изборниот законик го покажува нивниот страв но и ‘демократскиот’ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како ‘демократски’, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-НП, како што велат оттаму, останува принципиелно на својот повеќегодишен став дека само една из борна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.

Секое кочење на ваквиот процес, според партијата на Љубчо Георгиевски, претставува грубо кршење на демократските принципи односно го ограничува изборот на нацијата, а со тоа се урнисува и принципот на фер избор со еднаков пристап кон сите партиско-политички чинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...