ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме нов закон за СЈО

180

СДСМ паѓа, а власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања, се огласи ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата најавија дека ќе предложат нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.

– Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка. Одговорност за секоја злоупотреба ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим, се вели во соопштението на  ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...