Фирмата „Минка-Енерготек“ каде претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7 отсто од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт ни лажговците од СДСМ не може да избегаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од СДСМ дека фирмата на лидерот на опозицијата добила земјиште за хидроцентрала додека тој бил советник на екс премиерот Никола Груевски.
– Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Заев со вакви лаги сака да ги прекрие концесиите и лиценцтите кои ги дели.