ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата за одземање на мандатот на Груевски

857

Власта преку судството врши притисок и политички прогон, обвини пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски на почетокјот на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски.

– Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист – рече Вељановски.

Тој оцени дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.

По ова членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитертски прашања ја напуштија седницата.

На седницата беше поканет и Груевски, но не присуствуваше бидејќи е на судење за предметот „Титаник“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...