Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преспа е политички мртов, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Тој рече дека ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донел три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира. ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опозицијата.
– Доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Бараме да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб и градски изборен штаб со претседател Игор Јанушев и Владо Мисајловски – изјави Николовски.
На новинарско прашање дали е поделена партијата, Николовски рече дека пратеничката група е единствена. За изборите рече дека целата битка ја воделе за зачувување на уставното име на државата и дека подоцна или порано Заев ќе си одел од власта.