ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на непотизам. Од патријата тврдат дека во оваа поликлиника предизборно се делат концесии и ординации.
– За неполн месец им се дадени концесии на тројца млади доктори, активисти на СДСМ. Концесија за ординациите е дадена на докторите Филип Локвенец (близок роднина на Хари Локвенец), Кирил Солевски и Марија Михајлова.За нив се пренаменети ординации кои биле во сопственост на специјалистичката служба. Станува збор за ординации кои не се влезени во здравствена мрежа за издавање под концесија за општа медицина, туку за специјалисти. Едноставно се земени соби од кабинет за дијабет и од лабораторија – вели Маја Славева ов ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ целата процедура за доделување на концесија за ординации во случајов е направена нетранспарентно.
– Го прашуваме министерот Филипче како е можно на роднини и партиски војници на власта, експресно да им се дадат концесии за општа медицина? Дали знае Филипче што прави директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ? Знае ли како доделува концесии во конкретниов случај за матични лекари?- рече Славева.