ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се пресметува со неистомислениците

Опозициската партија обвинува и дека имало и насилни обиди за смена на Актот на систематизација, на месец дена пред формирање на техничка влада.

444

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски партиски се пресметува со  професионалци во Министерството.

– Спасовски противправно потпишувал решенија за прераспределба на професионалци на работни места оддалечени и повеќе од 200 километри од нивното место на живеење. Незаконско дејствие за кое има и судска пресуда против МВР. Стотици вакви тужби и пресуди пристигнуваат на адреса на МВР – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија обвинува и дека имало и насилни обиди за смена на Актот на систематизација, на месец дена пред формирање на техничка влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...