ВМРО – ДПМНЕ со тужби против Џафери и Костовски

234

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски.

Oбјавувањето на Законот за јазици во Службен весник и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа, без потпис на претседателот Иванов, а со потпис на Џафери е противуставно, смета ВМРО – ДПМНЕ.

Партијата бара Уставниот суд да пресече и да оцени дали објавувањето на законот за јазици е според Уставот. Повикуваат и на бојкот на законот.

Претходно реагираше и претседателот Иванов. Тој смета дека со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...