Новинарот Наум Стоилковски е еден од двајцата нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Димче Арсовски, соопшти партијата. Тие биле именувани на вчерашниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски беше новинар во неделниот весник „Република“ и „ТВ Нова“. Зад себе има долгогодишно работно искуство во Македонкото радио и во МТВ, како новинар и водител.
Арсовски, пак, изминатата година одржува серија прес-конференции во партиското седиште. Тој до неодамна беше и потпретседател на подмладокот на партијата.
Иво Котевски останува директор на Центарот за комункации на ВМРО-ДПМНЕ.