ВМРО-ДПМНЕ со закон против Законот за пазарџиите

121

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието ќе поднесе закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство, најави Никола Мицевски шеф на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите Ќе бараме да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија – рече Мицевски.

Тој додаде дека во најбрз временски период представници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение .

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...