ВМРО-ДПМНЕ состави листа на партиски и роднински вработувања во СЈО и побара Анкетна

1137

Пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара во Собранието да се формира Анкетна комисија за работата на СЈО.

– Една од главните причини за формирањето на оваа анкетна комисија се партиските вработувања и непотизмот кои што беа голема дамка на СЈО од неговото основање па сѐ до денес – рече таа и прочита листа на лица кои како што рече се вработени по роднинска или партиска врска.

Како класични примери за партизација и непотизам во редовите на СЈО можеме да ги истакнеме:

  • Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.
  • Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.
  • Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.
  • Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.
  • Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.
  • Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.
  • Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.
  • Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.
  • Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.
  • Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ.
  • Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.
  • Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.
  • Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.
  • Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.
  • На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.
  • Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.
  • Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.
  • Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.
  • Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.
  • Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.
  • Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО.
  • Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.
  • Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.
  • Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ“, наведе Затуроска.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...