ВМРО-ДПМНЕ: Скопје ќе стане главна депонија во земјата

ВМРО-ДПМНЕ праша и дали носењето на отпад во Скопје е предмет на коалициски договор СДСМ-ДУИ?

791

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Градот Скопје дозволил сметот од Струга да се депонира во скопската депонија „Дрисла“ и со тоа главниот град го направил главна депонија во земјата.

– Ако се земе во предвид фактот дека целосната кампања на градоначалникот Петре Шилегов и ударниот момент од таа кампања за што ја доби довербата на граѓаните на град Скопје беше екологија и чист воздух, за нас ова е вознемирувачко и недоследно за она што се ветуваше и за она сега што се случува – рече на прес-конференција Светлана Колариќ.

Таа го праша градоначалникот на град Скопје дали дозволил и дал одобрение за одлуката сметот од депонијата Струга да се носи во град Скопје во „Дрисла“ и дали е направена анализа какво влијание тоа ќе има врз животната средина?

Колариќ, како што рече, се сомнева дека во прашање се приватни бизнис интереси на луѓе блиски до власта кои треба да профитираат од сето ова.

Таа праша и дали носењето на отпад во Скопје е предмет на коалициски договор СДСМ-ДУИ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...