ВМРО-ДПМНЕ: Скандал – партиски телохранител именуван за директор на БЈБ ВИДЕО

401

СДСМ продолжува да ја партизира полицијата поставувајќи на функција кадри кои слепо ќе ги следат партиските нарачки на Зоран Заев и криминалниот картел на власт.
Денешното именување на Сашо Тасевски за Директор на Бирото за јавна безбедност е уште една скандалозна политичка одлука на СДСМ, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да се постави личното обезбедување на министерот Оливер Спасовски за прв човек на полицијата е деградирање на сите професионалци кои години наназад макотрпно ја граделе својата кариера во министерството и ги ризикувале сопствените животи во борбата против криминалот и за заштита на безбедноста на граѓаните и на нашата држава. Единствено нешто по кое јавноста го памети Сашо Тасевски е неговото каубојско однесување во Собранието кога на очиглед на целокупната јавност вперуваше оружје во граѓаните.
Наместо да биде казнет затоа што постапи незаконски и непрофесионално, Тасевски сега е награден бидејќи слепо ги извршување партиските наредби и ја занемари дадената заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите – вели Арсовски.

Тој додаее дека Законот е дециден, а Тасевски и неговиот колега наместо да го почитуваат, одлучија да го прашаат Зоран Заев цитирам: „Претседателе дали да пукам“.

– За жал пукаа и постапија по наредба на цивилно лице кое не ги познава законите и не го интересираат безбедносните стандарди и процедури кои што треба да ги почитуваат овластените лица. Ова веројатно е главната квалификација зошто својот телохранител, Оливер Спасовски си го постави за Директор на бирото за јавна безбедност.  Дали можеби дополнителен аргумент за негово именување на оваа исклучително одговорна функција е тоа што заедно со министерот Оливер Спасовски одеше од врата на врата злоупотребувајќи ја службената положба за партиските активности на СДСМ?
Со последната владина одлука, Зоран Заев потврди дека нема намера да отстапи од поставувањето на лојални партиски кадри на чело на полицијата. Граѓаните видоа дека тур операторот Лазе Велковски бил на позиција само затоа што бил член и активист на СДСМ. Сега истото го гледаме и со Тасевски – рече Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...