Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку. До овој момент, 18,30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена, експресно реагира ВМРО-ДПМНЕ, по најавата дека седницата за уставните измени ќе се оддржи во 21 часот.
– Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.