ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја отвори темата за бенефиции на пратенците, сега се повлекува

Според опозиционата партија, правата и одговорностите на пратениците се доволно добро уредени.

297

СДСМ самиот ја иницира темата за посебни повластици на пратениците, но кога се соочија со револтот на јавноста и граѓаните почнаа да ретерираат и да си ја „ишкаат мувата од капата“, реагира опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да работат во интерес на граѓаните, тие отвораат теми со цел да ја манипулираат јавноста и да дефокусираат од суштинските проблеми кои ги мачат граѓаните како и од погрешните и штетни политики кои како Влада ги водат -велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозиционата партија, правата и одговорностите на пратениците се доволно добро уредени.

-Унапредувањето на нивните бенефиции не само што нема да го подобри животот на граѓаните, туку напротив ќе предизвикаат дополнителни буџетски импликации. Народните пари треба домаќински да се трошат за потребите на народот за изградба на училишта, болници, патишта, а не за каприци на СДСМ- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...