СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале Кики и Фрики? Зошто Заев ги амнестира од одговорност, прашува денеска опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
„Зоран Заев е главата на октопод во рекетарската приказна. Дали се плаши дека доколку каже кој се Кики и Фрики може да биде откриено неговото директно учество во рекетарската приказна а граѓаните да дознаат колкав процент земал? СДСМ да ги извади розевите наочари и да види дека во Македонија освен рекетот, криминалот, корупцијата, заканите, уцените и поткупот, друго ништо не функционира. Граѓаните со оваа криминална влада живеат се полошо. СДСМ и Заев се свесни дека им паѓа рејтингот и се плашат да распишат предвремени парламентарни избори. СДСМ и Заев се плашат да се соочат со волјата на граѓаните. За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора да си заминат. Граѓаните и Македонија заслужуваат промени“, вели ВМРО-ДПМНЕ.