ВМРО-ДПМНЕ: Радмила Шекеринска ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик

876

Радмила Шекеринска ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч; велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на вечерашното интервју на вицепремиерката.

„Токму овој член од кривичниот законик е оној по кој што кога ќе се врати правната држава, а судството ќе се ослободи од стегите на кланот, криминалците на власт ќе бидат гонети за поделените стотици милиони евра во партиските компании. Радмила Шекеринска според членот 353 од КЗ на РМ ќе одговара како министер за одбрана од набавките на мазут од компанија која не ги исполнува условите, набавка на автомобили од партиски спонзор – компании за милионски суми евра, а ќе се преиспитуваат и набавките на бадеми, лешници, морски плодови и торти за десетици илјади евра, потоа евентуалната злоупотреба на армиски летала, до делење на грантови на нејзини блиски сомнителни партиски организации скриени под плаштот на граѓански здруженија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...