ВМРО-ДПМНЕ: Прво законите за влада и финансирањето, па потоа ДИК

Оттаму велат дека нивните предлози се веќе подготвени и ѝ се познати на јавноста, но најважно е процесот да тече како што било договорено вчера меѓу лидерите.

767

Прво во Собранието да поминат другите договорени работи од лидерската средба, а тоа се Законот за финансирање политички партии и Законот за техничка Влада според пржинскиот модел, а дури потоа ќе се изгласаат членовите на Државната изборна комисија (ДИК), велат од ВМРО-ДПМЕ.

Оттаму велат дека нивните предлози се веќе подготвени и ѝ се познати на јавноста, но најважно е процесот да тече како што било договорено вчера меѓу лидерите.

– Предлозите се подготвени и веќе јавно објавени. Вчера јавно беше договорено во првиот дел од лидерската средба и јавно објавено од страна на Премиерот Заев дека треба да се изгласаат договорените работи во Собранието, а тоа се Законот за финансирање политички партии и Законот за техничка Влада по пржинскиот модел и дури потоа да се изгласа ДИК по стариот принцип и модел како и претходно. Она што е најважно е дека процесот на договореното од вчера мора да отпочне и да се откочи во Собранието и дури потоа да се изгласаат членовите и ДИК – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Синоќа, Комисијата за избори и именувања ја утврди листата од 47 кандидати за членови на ДИК и ја испрати до собранискиот спикер. Талат Џафери од синоќа очекува партиите да му одговорат по кои кандидати ќе ги поддржат, за да може да закаже седница.

Неофицијалните информации се дека партиите не можат да се усогласат околу неколку членови во законите за финансирањето и за владата. Во јавноста се шират и информациите дека опозицијата инсиситра и на измени во Кривичниот законик со кој би се постигнала индиректна амнестија на поранешното раководство на партијата во случаите на СЈО.

Од друга страна, пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјави тврдеше дека воопшто не се разговарало за амнестија и дека тоа е обид на власта за манипулација и дефокусирање на јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...