ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието

357

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа одлука ја предлагаме бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници, деновиве гледаме како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите. Бараме распуштање на Собранието на Република Македонија и предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе си ја вратат државата назад и ќе одлучат да ги водат чесни и сериозни луѓе и луѓе кои пред се ја сакаат оваа земја. Политичари, кои пред се ќе имаат легитимитет од страна на граѓаните и во наредните  години ќе ја водат Република Македонија напред – рече Мицевски.

Според него, за неполни три години СДСМ направила штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...