Партијата на Христијан Мицкоски побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да свика итна седница за распуштање на парламентот.
Од опозицијата велат дека и натаму остануваат на барањето Собранието да се распушти на 12 февруари, како што беше планирано, но не ја коментираат најавата на собранискиот спикер дека постои можност распуштањето да се случи на 16 февруари, во недела.
За да биде усвоен предлогот за распуштање на Собранието, потребни се најмалку 61 глас.