Нивните лаги и манипулации почнаа да го уриваат угледот на државата и на меѓународно ниво, нанесувајќи непоправлива штета кај нашите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако Пентагон денеска ја поздрави репатријацијата на седумте македонски борци во ИСИС од страна на Македонија, за која вчера МВР испрати соопштение.
„Вчера повторно беше злоупотребено Министерството за внатрешни работи за да се дезинформира јавноста со измислена голема полициска акција против терористи и радикали кои учествувале на боиштата во Сирија. Вистината е дека МВР лажеше! Голема полициска акција немало! Затоа Спасовски цел ден се криеше и немаше дополнителни информации кога и каде се приведени опасните радикали, за кои што беа обезбедени информации уште во рамки на операциите Келија 1 и 2, пред МВР да биде претворено во МВР – Турс.
Вистината ни ја открија денеска нашите партнери од Пентагон кои посочија дека Сириските демократски сили до јули заробиле 600 странски платеници од повеќе од 40 земји. Како што откриваат меѓународните медиуми, македонската полиција вчера немала никаква акција, туку била извршена само репатријација, односно преземање на приведените македонски државјани на скопскиот аеродром“, се наведува во реакцијата на МВР.
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува соработката со САД и останатите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот, но најосторо ги осудува, како што вели, обидите за манипулација од СДСМ и злоупотребата на институциите.