ВМРО – ДПМНЕ остана без Унијата на жени

1402

Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ остана обезглавена откако по претседателката Даниела Рангелова и генералната секретарка Лилјана Затуровска, оставка поднесе и потпретседателката на жените на ВМРО- ДПМНЕ, пратеничката Лилјана Кузмановска.

Кузмановска вели дека по оставката на претседателката Рангелова, цел Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по автоматизам е во оставка.

Од ВМРО- ДПМНЕ  велат дека оставката на претседателката на Унијата на жени, Рангелова, ќе биде разгледана на утрешната седница на Извршниот комитет на партијата и доколку биде прифатена ќе се отвори процес за избор на ново раководство на Унијата на жени.

Даниела Рангелова се повлече од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ поради несогласување со политиката на новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ. По неа, оставка од позицијата генерален секретар на партијата поднесе и пратеничката Лилјана Затуроска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...