ВМРО-ДПМНЕ: Оставки и одговорност за скандалот со прислушувањето

494

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува. Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува. Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години – праша Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.
Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност.

– Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт! Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови? Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално?
Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии? Конечно, кој ќе сноси одговорност од СДСМ и од власта и за овој скандал со прислушување? За вакви снимки зборуваше и градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар кој јавно се закани дека ги прислушува вработените во општината – додаде Арсовски.

Според него, секогаш кога се случува скандал со нелегално прислушување, секогаш ама баш секогаш, се замешани кадри од СДСМ. Така беше и со аферата „Големото Уво“, така беше и со бомбите кои ги пушти во оптек СДСМ, еве и сега кога СДСМ е на власт се случува нов скандал на нелегално прислушување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...