ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната влада доцни со реформите

52

Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 – 6 – 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90 отсто од планот за реформи 3 – 6 – 9.  СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42 отсто. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата. ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека Извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...