Криминалната антибизнис влада на Зоран Заев манипулира со повратот на ДДВ. Имаме власт која секојдневно ги ограбува граѓаните со покачени даноци, акцизи и трошоци за живот бесрамно лаже дека ги враќа парите.
Со мерката за поврат на ДДВ со која власта толку се фали, наместо ветените 30.000 денари, граѓаните максимално можат да добијат 1.872 денари во годината или само 156 денари месечно, соопшти денеска Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според потрошувачката кошничка граѓаните трошат 42 отсто од буџетот на исхрана, но од тоа може да земат само 104 денари месечно затоа што данокот е 5отсто, додека пак 31 отсто од трошоците им одат за комунални трошоци кои не се даночат па така со 73 отсто потрошен семеен буџет може да се земе поврат од само 104 денари.
Со парите потрошени за хигиена, јавен превоз, лекови, облека и културни активности граѓаните можат да добијат уште приближно 52 денари. Така да стигнат до мизерни 156 денари на месечно ниво, кои ништо не им значат за да ги покријат зголемените трошоци за живот кои драстично пораснаа изминативе две години.
Зоран Заев и СДСМ ветуваа дека со повратот на ДДВ граѓаните во годината ќе може да исплатат кредит, да реновираат соба или да си платат годишен одмор. Но со овие средства кои реално би ги добило едно четиричлено семејство нема да може да си го плати ниту превозот, а камо ли да си дозволи да оди на годишен одмор.
Додека власта ја манипулира јавноста со оваа мерка која ќе биде привилегија исклучиво на богатите, поскапеа нафтата, цените на мало, патарините, трошоците за живот и се покачија даноците.
Над 500.000 граѓани едвај врзуваат крај со крај, а власта наместо да воведе реални мерки со кои ќе им ги намали трошоците таа воведува мерки за мачкање на очи од кои бенефит ќе имаат само богатите како семејството на Зоран Заев.
Зоран Заев и СДСМ ја осиромашија и опустошија државата и наместо живот донесоа беда. На Македонија потребни и се промени и обнова кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт ќе си замине, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.