ВМРО-ДПМНЕ назначи в.д. претседатели на Унијата на жени и на УМС

939

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени односно Унијата на млади сили, соопштија од партијата наведувајќи дека ќе започне процедура за избор на нови раководства.

До изборот на претседатели на УМС и УЖ, Извршниот комитет за В.Д. претседатели ги именуваше Јован Јаулески и Благица Ласовска.

Како што веќе објавивме, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го потврди изборот на Никола Мицевски за нов координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Мицевски денеска едногласно бил избран и од колегите пратеници на координацијата на пратеничката група по предлог на досегашниот координатор Драган Данев – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...