ВМРО-ДПМНЕ: Меркел не спомнува датум, Заев мора да си оди

1357

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации. Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев. Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси. Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред, соопшти партијата и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради неговата неспособност.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...