Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
– Според она што го објавуваат медиумите за огласот на кој е вработена неговата мајка Фенија Костадинова, платата е 25.000 денари, а како услови за аплицијарње се наведува завршено средно образование без потреба од претходно работно искуство. Со ова логично е да се постави прашањето: Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услови? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината?, прашуваат од партијата.
Претходно, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери си најде работа за неговата ќерка, а министерот Никола Димитров на својата и обезбеди солидна државна стипендија, Цветанка Ласкова за својата снаа си обезбеди стотици илјади евра, а вдомена е и ќеркичката на Таки Фити.
– Власта наместо професионализација, на дело спроведува партизација на институциите. Граѓаните се во неверување од дрскиот непотизам манифестиран од страна на власта на СДСМ. Граѓаните гледаат дека власта и Заев под своја контрола ја ставаат целата држава. Граѓаните гледаат како Заев и СДСМ целосно ги уништуваат институциите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.