Зоран Заев ја посрамоти државата и македонскиот народ. По два дена криење, Зоран Заев призна дека како надворешен соработник за безбедност и борбата против радикализмот си ангажирал човек од црната листа на САД оставен таму токму заради неговото терористичко делување и ризикот кој што тој го претставува по безбедноста, реагира опозицискатаа ВМРО – ДПМНЕ.
Луѓето кои се закана по територијалниот интегритет и суверенитет на
државата мора да се најдат зад решетки, порачува партијата на Христијан Мицкоски. Во оваа партија сметаат дека лицата кои се закана по безбедноста на граѓаните не смее да бидат дел од владата и прашуваат дали е Заев сериозен во намерите да му се издаде безбедносен сертификат од највисок степен „Државна тајна“ на лице за кое кружеа информации дека било вмешано во убиство на полициски службеник?
„Зоран Заев му дава висока функција во Владата и месечно ќе му плаќа
36.000 денари на Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа, лице барано од
странски држави со меѓународни потерници. Ова е големо понижување и за граѓаните и за државата, но и за полициските службеници кои ги имаат загубено животите во борбата против ваквите екстремисти. Единствена референца на пријателот на Заев, командантот Хоџа, е тоа што тој склучил политички договор со првиот човек на СДСМ да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата“, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ, која прашува кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција?
Во реакцијата партијата прашува каква порака испраќа Заев до сите идни криминалци и насилници кои планираат да се закануваат и уценуваат?
„Владата не е приватна сопственост на Зоран Заев и криминалниот картел
околу него. Договорот на Командант Хоџа мора да биде раскинат, а институциите
мора да покажат храброст и волја да ги бранат интересите на државата. По
признанието на Шаќири, мора да следи сериозна истрага и да се утврди кој се’
му помагал во заканите и со какво оружје се заканувал?
ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува надлежните служби дека издавањето на
безбедносен сертификат на командант Хоџа, надвор од процедурите е кривично
дело.
„Евентуалната таква постапка може да има сериозни последици. Вакво понижување на државата и безбедносните служби досега немало. Што порано си замине криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тоа подобро и за државата и за граѓаните“, се вели во партиското соопштение.