Обвинителството треба да одговори каде завршила Луј Витон чантата, кој се е вмешан во бесрамното криминално рекетирање и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребија довербата на граѓаните, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако на една од снимките кои беа објавени за „Рекет“ се гледаат Боки 13 и Зоки Кичеец како со чанта излегуваат од домот на Орце Камчев.
„Време е Катица Јанева да се врати од сончање по грчките плажи, да ја погледне македонската јавност во очи, која толку ревносно и транспарентно ја известуваше за случаите и истрагите кои ги злоупотребуваше и конечно да ја каже вистината. Итно е потребно Јавното обвинителство да делува, истрагите да го расветлат милионскиот рекет и истото да престане да му слугува на Зоран Заев. На власта треба да и биде јасно дека со „Се ќе биде океј“ обвинителство, злоупотребите, лагите и криминалот само се дозакопува и понижува на конто на граѓаните и државата. После ваков невиден скандал, што ли друго може да се очекува од институциите кои работат под раката на криминалниот октопод на Зоран Заев?“, прашуваат од опозицијата.