ВМРО-ДПМНЕ: Им ја зголемија платата на вицепремиерите, наместо на граѓаните

120

СДСМ вчера ги зацрни граѓаните. Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно. Нема поврат на 15 проценти ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека во Македонија нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите, а Власта им ја честитала Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...