Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: „Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“. Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците“.
Ова е дел од денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев во говорот продолжува и вели: Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека ова е директен повик за поткуп при избори и гласање казниво согласно чл.162 од КЗ и е директно загрозување на правото на слободата на гласачите, со што се крши чл.160 од КЗ.