ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е врежан во срцата на секој Македонец, но и кај сите други граѓани

95

ВМРО-ДПМНЕ пна сите граѓани им го честита, како што наведуваат, најсветиот ден во македонската историја, големиот државен празник Илинден.

„На овој голем ден се присетуваме на најголемите македонски херои и револуционерни дејци кои своите животи ги положиле за создавање на независна и суверена Република Македонија. Денеска го чествуваме Денот на Републиката, ден кога во 1903 се кренало големото Илинденско востание, но и првото заседание на АСНОМ од 1944-та година каде се удрени темелите на модерната македонска држава. Илинден е државен празник кој го потврдува континуитетот на вековната македонска борба за независна држава. Овој голем празник е врежан во срцата на секој Македонец, но и во срцата на сите граѓани на Република Македонија“, пишува опозицијата во честитката.

Денеска, наведуваат оттаму, го славиме непокорот и победата, им оддаваме почит на сите оние мажи и жени кои го кренаа својот глас против неправдата, ги славиме оние луѓе на кои љубовта кон татковината и слободата им беше поважна од нивните животи.

„Да се присетиме на Гоце Делчев, на Даме Груев, на Питу Гули на Јане Сандански на сите оние кои своите животи ги положија за Македонија. Да се сетиме и на оние кои беа дел од Народно ослободителната и антифашистичка борба, оние кои ја продолжија борбата на Илиденците. Се додека гори овој најсветол пламен, ќе живее сонот за Македонија. Вечна слава на борците, нека ни е вечна татковината, Република Македонија“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...