ВМРО-ДПМНЕ по последните видео снимки од аферата „Рекет“ објавени на италијанскиот портал на веникот Ла верита прашува што чекаат институциите и Јавното обвинителство?
– Зошто Русковска ги амнестираше и ги заштити Зоран Заев и Катица Јанева и криминалниот октопод со непроширување на истрагата кон нив?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека е доволно што се слуша во разговорите од „Рекет“ дека за договорот ќе се зборува и со премиерот.
– Зборено било со Заев и тој знае се! Фатен е жив, како е вплеткан во уцените и изнудувањето на милионски износи. Доволен е фактот што најгласните говорници кои го подржуваа Заев одеднаш му го свртеа грбот и го нарекоа корумпиран. На сите им е јасно дека со овие луѓе од власта правдата е само мислена именка.Уште поскандалозни се обидите за манипулација на јавноста и своевидните правдања на Заев – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија бара оставка од премиерот Заев, оти како што велат, со ваков криминал тој нема да успее да не одведе во ЕУ.
– Куфер криминалната политика на Заев нема никогаш да не донесе во Европската унија, затоа што јасно е кој стои на врвот на пирамидата, и јасно е кој ја уништи правната држава за сопствениот џеб – велат од ВМРО-ДПМНЕ.