Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда. Отсуството на правната држава, негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во рок од само две ипол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава.
Дали во која било европска држава, човек, кој како што сам вели работи спротивно на законите, може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски може се уште да е генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функција
Да не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек се уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи.
Зоран Заев заборави и на својот довчерашен соборец Павле Богоевски кој на целата македонска јавност и призна дека порачувал нелегална опојна супстанца. Дали само поради фактот што тој беше пратеник од редовите на СДСМ, за него не се води кривична постапка?
Кој ги прислушуваше обвинителите? Зоран Заев го заташка и мега скандалот со прислушкувањето на вработените во Основното јавно обвинителство. Се уште нема одговор кој и зошто прислушкувал, нема одговор каде завршиле снимките од обвинителите, дали можеби добро познатиот за македонската јавност воајер, Зоран Заев овие снимки ги користи за уценување на обвинителството и купување на личната слобода и слободата на бандитите на власт.
Сѐ додека Зоран Заев седи на премиерската фотелја, Македонија ќе е загубена држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.