Поседуваме конкретни докази за честа комуникација на лицето Емил Јакимовски со висок функционер на партијата СДСМ од неговиот роден град Крива Паланка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека оттука треба да се утврди дали зад таквото однесување на Јакимовски не стои координирана акција и уцена од овој висок функционер на СДСМ.
„Тоа што во медиумите се прикажува СДСМ за лажен душегрижник за новинари, а во реалноста висок функционер на СДСМ има честа координација со Јакимовски, го покажува лицемерието на СДСМ и нечесните намери. Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцена од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице“, наведено е во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека партијата најостро ги осудува и се оградува од ставовите на Јакимовски. Воедно, оттаму ги повикуваат и ги охрабруваат институциите да постапат согласно законските прописи.
Што се однесува до самото однесување на Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ најстро ги осудува и се оградува од неговите ставови. Воедно од партијата ги повикуваат и охрабруваат институциите да постапат согласно со законските прописи.
Инаку, Јакимовски е вработен во Централен регистер, а во јавноста е познат по заканите што ги шири на социјалните мрежи врз новинар и функционери.