ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја обвини Унгарија дека киднапирала поранешен премиер

718

Зоран Заев вчера на два пати ја пласираше тезата дека Груевски бил киднапиран!!?? Со сета тежина на премиерската функција, Заев вчера на два пати ја обвини Република Унгарија дека киднапирала македонски граѓанин, поранешен премиер, почесен претседател на опозицијата, притоа, лице кое е дел од правен процес! Ваков срам Република Македонија не заслужува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на премиерот во која тој праша дали Никола Груевски е можеби кинднапиран.

Портпаролот на партијата, Наум Стоиковски, на денешната прес-конференција зборувае и за притворите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, за кои веи дека нема ниту една причина, нема доказ или релевантна информација дека тие имале намера да не ги почитуваат мерките на претпазливост кои веќе им се изречени.

– Доколку судот ги отфрли жалбите без никаков аргумент, тоа ќе биде потврда дека правната држава тука повеќе не постои. Зоран Заев е подготвен да ја жртвува сета држава, сите полициски и гранични службеници, само и само да се спаси себе си од одговорност. Притоа, жртвува и притвора луѓе како Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, или кој и да е на ред за дефокус на јавноста – вели Стоилковски – вели Стоилковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...