ВМРО – ДПМНЕ: Заев се плаши од избори и измислува изговори

131

СДСМ се плаши од избори. Зоран Заев знае дека ќе ги изгуби парламентарните избори и сака да владее уште две години на штета на државата и граѓаните, реагира ВМРО – ДПМНЕ.

„Заев е свесен дека не ужива поддршка кај граѓаните кои се незадоволни од неговите антидржавни политики кои ја понижија државата на меѓународен план и придонесоа за колапс на економијата и затоа се плаши да излезе на  избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја уверува власта дека и покрај постоењето на техничка влада, реформските процеси кои се потребни за наша интеграција во ЕУ  ќе бидат спроведувани и имплементирани, тоа не е и не може да биде изговор за власта.

Штетите кои ги предизвика СДСМ врз државата се преголеми. Изборите ќе стават крај на една двегодишна апатија и тонење. Време е СДСМ да се охрабри и да го стави државниот пред партискиот интерес“ се вели во партиското соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...