ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Уставен си прави простор утре Пендаровски и него да го амнестира

415

Одлука на Уставниот суд е јасен показател дека судот, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Зоран Заев и СДСМ која моментално е на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со постапката која Уставен ја покрена во средата за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување.

„Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира. Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување“, пишува во соопштението на опозицијата повикувајќи го Заев да престане со притисоците врз судската власт.

Инаку, со почнување на оваа постапка, Уставен повторно ги враќа шансите да ја оживее амнестијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за 56 лица кои се обвинети и осомничени од СЈО.

Ако Уставен реши да го понишни членот 11-а кој предвидуваше дека претседателот може да повлече амнестија, тогаш амнестиите повторно ќе се активираат и ќе се спасат сите поранешни функционери опфатени во случаите на СЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...