ВМРО-ДПМНЕ: Заев не биди кукавица, прифати ТВ дуел со Мицкоски

243

Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ дуел.Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата, рече Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли. Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните. Ајде, одважи се, осмели се, не биди кукавица, поканата за дуел е отворена и може во секое време да се реализира – вели Арсовски.

Ај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...