ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема легитимитет да го менува Уставот

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните. Зоран Заев треба да се откаже од капитулантскиот договор за промена на името, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

691

Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија. Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија. Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ, порача најголемата опозициска партија.

„1.200 милион граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно – политички мртов. Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните. Зоран Заев треба да се откаже од капитулантскиот договор за промена на името. Општествено – политичкиот хаос кој го создаде Зоран Заев мора да заврши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...