Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања. Заев треба да ги тргне неговите валкани раце од правосудството. Заев е кочничар на правосудниот систем и откако дојде на власт царува криминалот, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешбото видео обраќање на премиерот Зоран Заев преку кое порача дека правосудството мора да се прочисти од нечисти судии и обвинители.
„До каде се истрагите во обвинителството за сите оние криминалии којшто се поднесени обвиненија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на граѓаните за актуелни случаи. Зошто не се поведе да се види до каде е случајот „Рекет 2“ во обвинителството, до каде е „крвави тендери“, до каде е „изборниот поткуп“, до каде се сите оние поднесоци, до каде е „Леонардо“, до каде е „Тополки“, до каде е ДКСК со истрагата за „Глобал“ којшто сама го отвори за Зоран Заев. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет““, се наведува во соопштението на најголемата опозициска партија.