ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се извини за недоличното однесување кон фоторепортерите

481

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи.

– Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да им се извини на медиумите за недоличното однесување кон професионалците, кои само ја вршеа својата работа информирајќи ја јавноста. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми, кој со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите. Само со преземање овие чекори премиерот Зоран Заев ќе покаже дека сериозно се залага за медиумските слободи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...