ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали знаел за „Рекет2“?

Дали некој ќе одговори дали Заев, или пак можеби Вилма Русковска, дали е вистина дека шведската компанија е под притисок за рекет, како продолжение на случајот „Рекет 2“?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

591

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Зоран Заев да даде одговор дали шведската компанија е дел од домашната компанијата „Диамед“ е под постојан притисок за изнуда од страна на државата.

– Дали некој ќе одговори дали Заев, или пак можеби Вилма Русковска, дали е вистина дека шведската компанија е под притисок за рекет, како продолжение на случајот „Рекет 2“? Зоран Заев знаел за „Рекет 2“ на Дончев и на Филипче но не го пријавил кај Русковска, сега има кривична против Ден Дончев, против Филипче која што се прошири, и со кривична против Кичеец. Ама Заев сѐ уште ги чува Ден Дончев и Венко Филипче на своите функции. Русковска која што го води случајот, сѐ уште не побарала овие двајца функционери, високи функционери, како директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, и како министер за здравство во Владата на Република Македонија да бидат отстранети од своите позиции за може да има вистинска истрага за „Рекет 2“, притоа да не вршат притисок врз сведоци или пак да менуваат докази. Или пак можеби да побегнат – рече на денешната прес конференција портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Тој упати прашање и до директорот на Фондот за здравство Ден Дончев:

– Епа Ден Дончев, дали сега ќе свикаш прес и ќе тврдиш дека го знаеш Кичеец „Од телевизија ли“,„од Град ли“ и дека си немал контакти и соработка со него?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...