ВМРО-ДПМНЕ бара најитно извинување за навредите и етикетирањата од типот фашисти упатени кон партијата од страна на владиниот заменик министер Оливер Ристовски, искажани во една емисија на телевизија со национална фреквенција, соопшти партијата.
– Го повикувам Заев да го разреши од позицијата во владата, а во спротивно ќе докаже дека директно тој стои зад ваквиот говор на ормаза. Стравот од пораз ги прави нервозни. Очигледно е дека СДСМ во недостаток на аргументи и исплашени од пораз се во паника. Недозволиво е нивниот страв од неминовниот пораз на 12 април да го прикриваат со најразлични лаги и манипулации, како и да шират клевети само поради тоа што знаат дека за неколку месеци нема да бидат власт – велат од ВМРО-ДПМНЕ.