ВМРО – ДПМНЕ до Рускоска: Истражете која е врската на Фросина Ременски со невладината на Боки13

1033

ВМРО – ДПМНЕ побара одговор од Обвинителството колку се загазени високи функционери на СДСМ во аферата „Рекет“, откако претходно објави видео на кое е снимено назначувањето на Фросина Ременски, пратеничка од СДСМ за претседателка на невладината организација на Бојан Јовановски, првоосомничениот во аферата „Рекет“ кој е во притвор и побара од државното обвинитество да истражи каква била нејзината релација со Боки 13 и нејзиното влијание во аферата „Рекет“.

– Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и за неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Колку се загазени во криминал и рекет Зоран Заев, втората дама на невладината Ременски и останатите функционери на СДСМ кои што се фотографираа и го поддржуваа Боки 13? Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес? – праша портпаролот Стоилковски.

Видеото што беше објавено вчера е снимено на конститутивната седница на невладината организација на осомничениот Јовановски, „Меѓународен сојуз“ во Скопје во 2017 година.

Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ побара од обвиниелката Вилма Рускоска да ја прошири истрагата и на невладината организација и да истражи кои се релациите на Ременски и со наводно рекетираниот  битолски бизнисмен кој бил уценуван со 750.000 евра за изградба на станови.

– Доволно е само да се испита невладината организација на Боки 13 и да се влезе во СЈО и целата рекетарска мрежа ќе биде разоткриена. Само така ќе се дознае за сите ликови од рекетарските приказни во јавноста и за Кики, Фрики, и Шеки, и Раки и многу други. Но стравот на Русковска обвинителството е веќе кристално јасен, дека ако професионално истражува постои можност да утврди дека сите рекетарски патишта на крајот може да доведат до највисоко, односно до премиерот Зоран Заев – вели Стоилковски.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...