ВМРО-ДПМНЕ дојде на седницата за уставни измени

1623

Почна собраниската седница на која пратениците ќе расправаат за владиниот предлог за уставни измени според преспанскиот договор, а кои предвидуваат и промена на уставното име на државата.

Во салата се и пратениците од опозицијата кои, според неофицијални информации, се очекува да земат учество во расправат, наспроти информациите дека ќе ја бојкотираат седницата. На седницата присуствува и пратеникот Никола Груевски кој претходно побара да се одлужи судењето за „Т.Н.Т.“ за да може да присуствува во Собрание.

Во моментов на собраниската говориница е пратеникот од опозицијата Илија Димовски кој кажа дека собранието нема легитимитет да расправа за уставни измени. Тој посочи дека власта за време на преговорите рекла оти нема да го менува Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...