ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска да поднесе оставка, со службено возило оди на партиски митинг

860

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ, соопшти партијата.

– Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривични постапки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, по оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...