ВМРО – ДПМНЕ: Десковска лаже како Заев ФОТО

1152

Рената Десковска лаже како Зоран Заев. Срамен е начинот на кој што таа и Заев ги злоупотребуваат државните институции во одбрана на лагите и манипулациите на Зоран Заев, реагира ВМРО – ДПМНЕ.

„Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди ? За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент. Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај “, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...