ВМРО-ДПМНЕ денеска во 13 часот ќе одржи протестен марш во Струмица.
-Ова мора да престане. Граѓаните ќе застанат пред заканата по македонскиот идентитет, пред девастирањето на државата во сите основи. ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на браникот заедно со народот. Токму затоа ги повикуваме сите оние што се противат на ваквите девастирачки политики на Заев и неговата свита во Владата, во 13 часот да се приклучат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, повикуваат од партијата.
Ниту едно соопштение од СДСМ, велат од таму, нема да го скрие фактот дека Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции.